Голем пожар во автокампот „Андон Дуков“ во Охрид

Голем пожар пред малку избувна во близина на автокампот „Андон Дуков“ во Охрид, објави А1ОН.

Според првичните неофицијални информации гори трската во езерото. Освен тоа запален е и помал објект како и неколку бунгалови во самиот автокамп.

Стариот пат од Охрид за Струга е затворен а на терен се неколку противпожарни возила.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.