Голем пожар во Бардовци, чадот се шири до Центар

Голем пожар избувна попладнево во скопско Бардовци. Засега пламените јазли имаат зафатено сува трева во горниот дел на селото, но пожарот се шири поради ветерот.

Кај граѓаните владее страв бидејќи пожарот се доближува до куќите, па тие се излезени и сами се обидуваат да гаснат.

Во моментов пристигнуваат пожарникарските служби.