(ФОТО) Голем пожар во близина на ГП Богородица, пламенот се приближува до казиното

Попладнево околу 13 часот избил пожар на потегот меѓу месноста Милци и граничниот премин Богородица.

Пожарникарски екипи од Територијалната противпожарна единица Гевгелија со возила и пожарникари излегоа на терен и се борат да се справат со огнот кој поради правецот на дување на ветерот веќе ја зафати боровата шума со интенција да се шири во правец на граничната караула на АРМ, хотелот „Фламинго“ и кон граничниот премин Богородица.

На помош на пожарникарите им се приклучија и екипи од јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Гевгелија. Со заеднички напори присутните на терен се обидуваат да го локализираат пожарот и да го спречат неговото ширење кон наведените објекти и преминување на грчка територија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.