Голем пожар во центарот на Лондон: Евакуирани неколку згради, сообраќајот запрен (ВИДЕО)

Големиот пожар што денеска избувна на железничкиот надвозник во Саутварк во центарот на Лондон, предизвикувајќи евакуација на неколку згради и запирање на сообраќајот кон областа, сега е под контрола, соопшти лондонската противпожарна бригада (LFB).

Противпожарната единица на терен испратила 10 противпожарни возила и околу 70 пожарникари.

Се наведува дека сè уште нема извештаи за повредени и дека инспекторите започнале истрага за причините за пожарот, објави Ројтерс.

На видеото објавено од пожарникарската бригада на Твитер се гледа голем облак чад кој доаѓа од под железничкиот надвозник, за кој противпожарната бригада соопшти дека има неколку возила и дека е „целосно запалена“.

– Пожарот произведуваше силен чад и на оние кои живеат или работат во локалната област им се препорачува да ги држат своите прозорци и врати затворени, рече командантот на станицата Вејн Џонсон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.