Околу 200 професионалци, припадници на армијата и на полицијата утрово ќе го гаснат големиот пожар кој го зафати и Мариово, каде што линијата на огнот се протега на 20 километри, информира Центарот за управување со кризи.
Во пожарот ќе бидат вклучени и воздухоплови.
– Пожарникарите од Прилеп, Битола, Новаци, Могила, Kaвадарци и Ресен денска ќе имаат и поддршка од 70 припадници на Армијата, од 20 припадници на специјалните единици на МВР, како и од триесет вработени во Национални шуми. Вкупно, 195 лица професионалци ќе бидат ангажирани на терен – изјави синоќа директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.
Во пожарот е зафатена нискостеблеста шума, а огнот влегол и во борова шума. Засега не се зафатени објекти, а нема опасност и за манастирот „Свети Илија“.