Голем пресврт на Борусија Дормунд

Во последниот натпревар од саботната програма на шестото коло од германската Буднеслига, Баер Леверкузен на домашен терен беше совладан од Борусија Дортмунд со 2:4, и тоа откако на полувреме имаше водство од 2:0.

Баер дојде во водство уште во 9 минута преку Мичел Вејсер а во 39 минута водството го удвои Јонатан Тах. Меѓутоа во продолжението Јакоб Брун Ларсен во 65 и Марко Ројс во 69 на брзина израмнија на 2:2, а потоа Пако Алкасер во самиот финиш со погодоците во 85 и четвртата минута од судиското продолжение ѝ го донесе трите бода на дортмундска Борусија.

И Хофенјахм забалежа домашен пораз од 1:2, од РБ Лајпциг. Стрелец за домашните беше Андреј Крамариќ но дури во третата минута од продолжението, додека Јусуф Поулсен во 53 и 73 минута ја обезбедно победата на гостите.

Штутгарт, пак, со истиот резултат славеше дома во дуелот со Вердер. Штутгарт поведе со голот на Анастиасиос Донис во 19 минута, а во 68 минута домашниот голма направи почетничка грешка. Бекот Борна Соса му упати лесна топка од аут, но голманот на Штитгарт не успеа да ја штопува и таа заврши во неговата мрежа. Сепак, Гонзало Кастро во 75 минута им ја донесе победата на домашните.

Фортуна од Диселдорф беше поразена кај Нирбенрг со 0.3. Стрелци за домашните неа Хано Бехренс во 28 минута од пенал, Микаел Ишак во 64 и Федерико Палациос Мартинез во 78 минута.

Борусија од Менхегладбах двапати беше во водство на гостувањето кај Волсфбург, но домашните брзо израмнуваа. Гостите прво поведоа во 7 минута преки Аласане Плеа, а по пет минути израмни Ренато Штефен. Борусија повторно дојде во водство во 48 минута преки Торган Азар, а овој пат на израмнувањето од домашните се чекаше единаесет минути кога погоди Вут Вегхорст.

Во петокот Баерн беше совладан во Берлин од Херта со 0:2 и тоа е втор последователен натпревар на шампионот во Бундеслигата да не оствари победа, откако во претходно коло дома со Аугсбург одигра 1:1.

Борусија Дортмунд го искористи првиот пораз сезонава на Баерн Минхен да му го преземе врвот на табелата со 14 бодови, откако баварците останаа на 13, колку што има сега и третата Херта. Следат Борусија Менхенгладбах, Вердер Бремен и РБ Лајпциг со по 11 бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.