Голем пресврт на Калин Ивановски за четвртфинале во Кретел

Иако важеше за фаворит, македонскиот тенисер Калин Ивановски се намачи со Естонецот Данил Глинка за пласман во 1/4 финалето на турнирот во Кретел, Франција. Ивановски мораше да прави пресврт, и да се спасува од елиминација во вториот сет, за на крај психолошки да се издигне и да го добие мечот.

Глинка експресно го доби првиот сет со 6:3. Во вториот се играше тај брејк, кој го доби Ивановски со 7-5. Тоа делуваше подобро кај нашиот тенисер кој го „збриша“ противникот во третиот сет со 6:1 и така го елиминираше, пласирајќи се меѓу најдобрите осум.

Таму ИВановски ќе го чека подобриот од Ламасин – Санчис, дуел кој започнува во 16:30 часот.