Голем пресврт на Монако во дербито со ПСЖ

256

Во дербито од 11-то коло на француското фудбалско првентво во петокот вечерта, Монако со голем пресврт како домаќин со 3:2 го совлада актуелниот шампион Парис Сен Жермен.

Париските „Светци“ доминираа во првото полувреме и поведоа со 2:0, со головите на Килиан Мбапе во 15 и во 37 минута од пенал, а покрај тоа им беа поништени уште два погодока, поради  минимални недозволени позиции.

Во второто поливреме во игра влезе шпанскиот ветеран Сеск Фабрегас, кој на крајот се покажа како човек на одлуката. Шпанецот беше зачетник на двете акции од кои Кевин Воланд во 52 и 65 минута погоди за израмнување, а самиот во 84 минута го реализираше пеналот кој го направи Абди Диало, кој патем беше исклучен.

Монако со оваа победа моментално се качи на второто место на табелата со 20 бодови, четири помалку од водечкиот ПСЖ, а еден повеќе од третопласираниот Лил.

Претходно Бордо со голот на Бен Арфа во 37 минута како гостин го совлада Рен. Бордо сега е 11-ти со 15 бодови, три помалку од моментално петтиот Рен.

Во сабота се игра само еден натпревар, меѓу Брест и Сен Етјен. Во недела на програмата се дуелите: Нант – Мец, Ремс – Ним, Монпелје – Стразнур, Дижон – Лен, Анже – Лион и Лил – Лориен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.