Голем пресврт на Тотeнхем во режија на Сон и Кин

Со ураганскиот пресврт во второто полувреме фудбалерите на Тотнехме во недеалта во второто коло од англиската Премиер лига на гости го совладаа Саутемптон со 5:2.

Мечот го одбележа играта во второто полувреме на тимот на Жозе Мурињо, кој со полуконтри ги фрлаше во очај домаќините.

Саутемптон поведе со погодокот на Дени Ингс во 32 минута. Меѓутоа, Кореецот Хеунг-мин Сон постигна четири погодоци, прво израмни во втората минута од судиското продолжување на првото полувреме, а потоа погоди и во 47, 64 и 73 минута. Сите четири погодоци Сон ги постигна на асистенција на Хари Кеј, кој во 82 минута и самиот се впиша во листрата на стрелците. Домашните го ублажија поразот со вториот погодок на Дени  Ингс во 90 минута од пенал.

„Покерот“ на Сон Хеунг-Мин на асисетнции на Хари Кејн е првиот ваков случај во историјата на најелитното натпреварување во Англија. Покрај тоа, Кејн стана само шестиот играч и прв Англичанец во историјата на Премиер лигата кој впишал четири асистенции на еден натпревар. Интересно, голгетерот на Тотенхем во текот на целата мината сезона имаше само две асистенции.

Тотенхем кој во првото коло изненадувачки на свој терен беше поразен од Евертон, на 27-ми септември го пречекува Њукасл. Саутмептон, пак, го впиша вториот пораз а на 26-ти септември ќе оди на гости кај Барнли.

Тотенхем претходно на 24-ти септември ѝ ќе гостува во Скопје на тетовска Шкендија во рамките на третото квалификациско коло од Лига Европа.

Во недела во Премиер лигата се играат уште натпреварите Њукасл – Брајтон, Лестер – Барнли и дербито во Лондон меѓу Челзи и Ливерпул.