Голем скок на смртните исходи од Covid-19 во Македонија, нови 19 починати и над 400 новозаразени

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени уште 19 смртни исходи како последица на компликациите предизвикани од Covid-19, а со 2.549 тестирања регистрирани со нови 415 случаи на зараза со коронаинфекцијата, покажуваат во петокот објавените податоци на Министерството за здравство и додава дека во последното деноноќие оздравеле 244 пациенти.

Од почетокот на епидемијата во февруари минатата година, досега во земјата се направени вкупно 497.268 тестирања на коронавирусот со кои се дијагностицирани 98.584 случаи, бројката на оздравени пациенти е 89.022, на починати е 3.037, а бројот на активни случаи изнесува 6.525.

Од пријавените  19 починати, шест биле потврдени како смртни исходи од Covid-19 во месеците ноември-декември. Починати се 11 пациенти од Скопје (69г, 75г, 80г, 65г, 66г, 61г, 67г,72г, 76г, 71г и 68г), два пациенти од Тетово (79г и 65г) и по еден пациент од Куманово (50г), Прилеп (78г), Велес (77г), Охрид (87г), Кичево (51г) и Гевгелија (69г). Од пријавените смртни случаи 18 се починати во болнички услови и еден во домашни услови.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови, Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 43066, активни 2890
Куманово 5428, активни 239
Тетово 5320, активни 227
Прилеп 5027, активни 437
Гостивар 3716, активни 113
Штип 3597, активни 96
Битола 3341, активни 121
Велес 3338, активни 236
Охрид 3101, активни 376
Кавадарци 3055, активни 446
Струмица 2650, активни 152
Струга 2343, активни 165
Кочани 1781, активни 51
Кичево 1755, активни 60
Свети Николе 1100, активни 24
Гевгелија 1100, активни 111
Неготино 1086, активни 109
Дебар 785, активни 42
Ресен 784, активни 59
Крива Паланка 780, активни 50
Радовиш 741, активни 39
Делчево 715, активни 226
Берово 630, активни 28
Пробиштип 526, активни 20
Виница 508, активни 22
Валандово 349, активни 21
Кратово 261, активни 30
Демир Хисар 257, активни 12
Македонски Брод 251, активни 8
Крушево 250, активни 51
Богданци 240, активни 16
Демир Капија 231, активни 30
Македонска Каменица 193, активни 5
Пехчево 184, активни 3
Дојран 95, активни 10.

Регистрирани се 415 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 170, Прилеп – 62, Кавадарци – 32, Велес – 25, Неготино – 20, Охрид – 12, Струмица – 11, Гевгелија – 10, Куманово, Тетово и Штип – по 8, Богданци – 7, Струга – 6, Крива Паланка – 5, Кратово, Демир Капија, Кочани и Крушево – по 4, Гостивар и Кичево – по 3, Битола, Делчево и Валандово – по 2, Виница, Дебар и Демир Хисар – по 1.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.