Голем срам, македонското знаме како партал виси во Бутел

Службите во општина Бутел очигледно заборавиле да проверат во каква состојба е македонското знаме кое виси раскинато на столб во општината веќе неколку дена сведочат граѓаните.

Десетина дена ја следам оваа ситуација во срцето на Бутел и си велам веројатно ќе се реагира од надлежните, да не брзам. Како може да не им пречи откачено македонско знаме кое се вее како закинат партал, претседателот на општински комитет Бутел на ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски.

Исто така постои и протокол за изложување и употреба на македонското знаме, а одговорните треба да го прочитаат,  погледнете го на следниот линк.