Голема акција во Црна Гора- уапсени 50 лица за трговија со луѓе и за измама

Во повеќе црногорски градови полицијата утрово уапси повеќе од 50 Тајванци осомничени за трговија со луѓе и за измама, објавија црногорските медиуми.

Уапсени се и организаторите на групата. Тие биле сместени на повеќе локации во изнајмени вили и вршеле измама преку интернет од Црна Гора во Кина и Тајван. Организаторите и групата се здобиле со незаконска имотна корист од повеќе стотици илјади евра.

Акцијата е спроведена во соработка со Специјалното јавно обвинителство.

Криминалната група дејствувала и на териториите на Словенија и на Хрватска.

За полесно да се реализира, акцијата е спроведена во соработка со тајванската полиција која испрати голем број службеници во Црна Гора.