Голема аукција во Twitter, логото чини 17,5 илјади долари

Заинтересираните купувачи можат да го видат опсегот на стоки од просториите во Сан Франциско што Twitter сака да ги продаде преку веб-страницата на Heritage Global Partners, која ја спроведува аукцијата.

Големиот неонски знак, корпоративното лого на Twitter, моментално достигна цена од 17.500 долари, а покрај тоа, компанијата на милијардерот Илон Маск продава на аукција машини за еспресо, повеќе фрижидери и компјутери.

Извршниот директор Маск, сака драстично да ги намали трошоците, бидејќи многу компании ги прекинаа рекламните кампањи на неговата социјална мрежа, што наводно предизвикало доцнење на подмирувањето на обврските за деловни простории.

Неколку организации за човекови права ги повикаа компаниите да престанат да се рекламираат на Twitter поради обвинувањата дека социјалната мрежа не го спречува ширењето на говор на омраза и други навредливи содржини на својата платформа.