Голема Божикна манифестација на 6 јануари пред платото на црквата „Свети Димитриј“ во Скопје

Пред платото на црквата „Свети Димитриј“ во Скопје на 6. јануари 2019 година ќе се одржи голема Божиќна манифестација по повод најрадосните и најголемите христијански празници Бадник и Божиќ.

Слоганот на манифестацијата е Да се радуваме и празнуваме!.

По повод одбележувањето на празникот изработена е видео покана. Нашиот познат пејач Димитар Андоновски посетува едно семејство со пет деца и оттаму упатува порака до сите родители и деца, дека без исклучок, сите се поканети на прославата на Бадник и Божиќ, на која, во духот на празнувањето се е бесплатно

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.