Голема манипулација со лозарите – им исплаќаат 2 денари наместо 4, како што вети Владата

Дополинителниот заменик министер за земјоделство во техничката Влада Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ објави документ според кој на лозарите им се исплаќа субвенции по два денари за килограм предадено грозје, како дополнителна мерка во коронакризата по два денари. Трагично е што на печатот пишува четири (4) денари, пари кои им беа ветене на лозарите, а се исплаќаат по два. Така што, ова е уште една голема манипулација и уштед една голема лага на оваа Влада.

„Неспособниот СДСМ на дело!

Каде е сега оној најспособниот министер и неговиот наследник и нивните скапо платени советници!?

Додека јас предупредував уште во месец март, тогаш ме обвинувавте и игнориравте, е сега ајде јунаци излезете од удобните кабинети“, пишува Трипуновски на Фејсбук.