Голема операција во ЕУ против руски имоти

Европското полициско биро (Europol) соопшти дека започнало голема операција чијашто цел е сопственоста на Руси и руски компании за кои се воведени санкции поради војната во Украина.

Агенцијата чиешто седиште е во холандски Хаг ја започнала операцијата под кодно име „Oscar“ заедно со земјите членки на Европската унија, како и со нејзините агенции Eurojust и Frontex.

Задачата на операцијаа е „да ги поддржи финансиските истраги на земјите членки ЕУ против незаконските имоти во сопственост на физички и правни субјекти санкционирани поради руската инвазија на Украина“, наведува Europol во своето соопштение.

Операцијата, покрај тоа, треба да ги „поддржи кривичните истраги коишто земјите членки ги водат во врска со заобиколувањето на трговските и економски санкции коишто ги воведе ЕУ“.

Операцијата „Oscar“ ќе трае најмалку една година и ќе се состои од одреден број различни истраги, се додава во соопштението, што навестува за веројатни намери на ЕУ на долг период да ги одржуваат санкциите против Русија.

Европската агенција за правосудна соработка (Eurojust), пак, ќе има задача „да ја олесни размената на стратешки и оперативни информации, да пружи правна помош и поткрепа и ја зацврсти соработката меѓу националните истражни и правосудни власти“.

Агенцијата за погранична контрола (Frontex) засилено ќе ги набљудува надворешната граница на Европската унија, а се на удар на санкции.