Голема победа на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп со убедлива разлика во гласовите

Борче Јовчески од ВМРО-ДПМНЕ е новиот градоначалник на Општина Прилеп. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ има убедлива победа пред кандидатот на СДСМ, Горан Сугарески со 7.540 гласови.

Ова се податоци од Државната изборна комисија каде се преброени 99,30% проценти од гласовите. Недостасуваат информации за само едно избирачко место.

За промени и нова иднина во Прилеп гласале 22.163 гласачи, додека за СДСМ гласале 14.623 гласачи.