Голема полициска акција кај Битпазар

Вечерва на терен се припадници на единицата за специјални задачи на МВР, а детали околу тоа дали и кои објекти се претресуваат или се работи за претрес на приватен имот, од МВР не откриваат, објави Курир.

Нема детали ниту околу тоа за каква акција станува збор.

Најверојатно полициската акција ќе трае во текот на ноќта, а од МВР повеќе детали околу тоа за што се прават претреси и дали има уапсени лица, најавија за утре.