Голема полициска акција: Запленета поголема количина на цигари и уапсени повеќе лица

Поголема количина на цигари е запленета, а повеќе лица се приведени во опсежната полициска акција, која што се спроведуваше на неколку места во источна Македонија.

Според информациите на полицијата, уапсени се неколку лица поврзани со шверц на цигари.

Бројот на уапсените лица, како и точната количина на заплената и други детали од акцијата ќе бидат соопштени на прес конференција во МВР.