Голема полициска операција во скопски Сарај, запленета дрога

Попладнево во тек е голема полициска операција во скопски Сарај, во којашто е запленето големо количество, дознава НетПрес од полцииски извори.

Акцијата според истите извори сѐ уште е во тек, се приведуваат осомничени и се вршат претреси на објекти, по налог на обвинителството по претходна постпка. Засега не е утврдено количеството на запленатата дрога.

Според сѐ уште официјално непотврдени информации акцијата се спроведува во селото селото Крушопек, каде што се запленети наводно  1,3 тони кокаин.

Првичните информации велат дека пратката прво стигнала од Америка во пристаништето Бар во Црна Гора, а потоа требало да се транспортира во словенечкотпо пристаниште Копер.

Од засега непознати причини рутата е сменета и пратката завршила во Крушопек