Голема полициска операција во стразбуршкиот кварт Недорф

Голема операција во којашто учествува елитната единица на француската полиција позната под кратенката RAID трае во четвртокот попладнето во квартот Недорф во Страбзур, каде што пред два дена му се загуби трагата на Шериф Шекат, напаѓачот на божикниот базар.

Тешко вооружени полицајци со штитови и автоматско оружје напредуваат во групи во улицата „Епинал“, и влегуваат во куќи, пренесува агенцијата AFP.

„Станува збор за проверка, какви што имаше неколку во последните 36 часа. Ова не е потера и не сакам ништо да предвидувам, да дозволиме истрагата да продолжи“, изјавил францускиот министер за внатрешни работи, Кристоф Кастанер, во Сенатот.

„Проверките се вршат на повеќе места. Засега ништо не упатува дека лицето по коешто трагаме е на тоа место“, рекол неименуван полициски извор на прашање на AFP. Друг полициски извор рекол дека операцијата се води во рамки на истрагата, но оти нејзината основна задача не е апсење на осомнитечниот.

Голем број полициски возила биле на улиците на споменатиот стразбуршки кварт за да го сопрат сообраќајот. На минувачите и новинарите кои биле на местото на настанот, упатен им е апел да го напуштат местот на коешто силите за спроведување на редот го попречиле пристапот.

Шериф Шекат со такси се довезол во кварот Недорф по нападот во вторников вечерта. По престрелки со полицијата му се загуби трагата.