Американскиот кошаркар Двејн Вејд доживеа голема семејна трагедија! Во пукотници во Чикаго убиена е неговата братучетка Никеја Олдриџ (32).
Оваа мајка на 4 деца почина од здобиените повреди, откако била застрелана во пределот на раката и главата за време на престрелката меѓу две банди.
Она што е посебно шокантно е што пукотниците се случиле во непосредна близина на училиште, каде Никеја тргнала за да ги земе децата.
Никеја тргнала да ги земе децата со најмладото дете што го носела во количка.
My cousin was killed today in Chicago. Another act of senseless gun violence. 4 kids lost their mom for NO REASON. Unreal. #EnoughIsEnough
— DWade (@DwyaneWade) August 27, 2016
Мојата братучетка денес беше убиена во Чикаго. Уште еден безумен акт на насилство. Четири деца останаа без мајка без причина. Нестварно, напиша Вејд на социјалните мрежи.
Двејн Вејд неодамна потпиша договор за Чикаго Булс, каде ќе игра од октомври. Ова не е прв пат некој член на семејството на Вејд да биде застрелан. Пред четири години неговиот внук Дерин Џонсон беше погоден два пати во ногата, но преживеа.