„Голема сличност во ставовите“ на Макрон и Бајден

Францискиот претедател Емануел Макрон и неговиот американски колега по должност Џо Бајден „заклучија дека имаат многу слични ставови“ за важните меѓународни прашања, се истанува во соопштението кое Елисејскиот дворец го објави во неделата доцна вечерта.

Како што објави кабинетот на францускиот челник, во текот на телефонскиот заговор биле искажани идентични ставови, особено во врска со борбата против коронавирусот „во рамките на Светската здравствена организација“ и климатските промени.

„Претседателите на Франција и на САД ја истакнаа нивната решеноста да работат заедно во рамките на СЗО во сферата на глобалното здравство и, особено, да обезбедат поддршка за земјите кои се најмногу погодени од пандемијата“, се вели во соопштението на Елисејскиот дворец.

Двајцата челници во текот на разговорот, исто така, „изразија интерес дека враќањето на САД во Парискиот климатски договор ќе ги олесни исполнувањата на меѓународната заедница во перспективата на преттојната тематска конференција COP-26“.

Макрон и Бајден во својот прв телефонски разговор од стапувањето на должнот на американскиот претседател „констатираа совпаѓање на ставовите и подготвеноста за заедничко дејствување за постигнување мир и стабилност на Блискиот исток, особено во врска си иранското нуклеарно досие и решавање на ситуацијата во Либан“.

Во соопштението се нагласува дека претседателита „се согласиле на спомената теми да одржат близок контакт следните седмици, како и за целата заедничка агенда“.