Голема сообраќајка на патот Радовиш – Штип

Вчера околу 13.30 часот на магистралниот пат Радовиш – Штип, во населба „Дамјан“, се случила сообраќајна незгода помеѓу „форд фиеста“ управувана од Д.Р.(69), од штипското село Ињево, „опел астра“ управувана од Д.Ј.(60) од Струмица и „опел вектра“ управувана од К.П.(32) од селото Војславци. Во незгодата со тешки повреди се здобил возачот Д.Р. кој бил хоспитализиран во клиничкиот центар во Штип.