Голема шведска банка осомничена за перење пари

Една од најголемите банки во Шведска, „Swedbank“, е осомничена дека е вклучена во перење на повеќе од 40 милијарди шведски круни, околу 4 милијардија американски долари, во текот на осум години, а ваквите измамнички активности веројатно се поврзани со скандалот во данската „Danske Bank“, произлегува од извештајот од истражување објавен во средата на шведската телевизија SVT.

Според телевизијата, милијардите круни биле перени преку филијалите на „Swedbank“ и „Danske Bank“ во балтичките земји, особено во Естонија. Новинарите на SVT тврдат дека добиле пристап до обемен пакет доверливи документи за трансакции меѓу клиентите на двете банки во периодот од 2007 до 2015 година. Меѓу тие клиенти се поштенски компании со регистрирани адреси во Велика Британија и компании за кои нема податоци за контакти, и кои не вршат никаква дејност.

Од документацијата на банката произлегувало дека овие операции се поврзани со претходно обелоденетите махинации во „Danske Bank“ во износ 7 милијарди евра. Во истрагата се наведува дека клиентите на „Swedbank“ пренеле околу 300 милиони круни, над 32,3 милиони долари, на сметките на 40 компании со соодветните спомнати адреси. Новинарите, исто така, нашле податоци за илјадници клиенти на банката со сметки во балтичките земји, регистрани во Белизе на на Британските девствени острови, кои се нарекуваат „даночни раеви“.

 

Одговор на банката

Челничката на „Swedbank“, Бригите Бонесен, одбила да даде интервју за SVT во текот на новинарското истражување, а наместо неа со писмена изјава за медиумите се јави директорот во одделот за комуникации на банката Габриел Франке Родау.

„Бидејќи постои обврска за необјавување, немаме пристап до списокот клиентов Danske Bank, освен имињата на оние кои се појавија во медиумите. Дејствуваме која ќе добиеме сигнал, и овој принцип е сѐ уште на сила. Преземавме мерки веднаш штом забележавме индикатори за ризик, и се чувствуваме сигурни во методите на водење на работите во банката“, рекол Родау.

Во интервјуто за шведската новинска агенција ТТ, тој потврдил дека новинарите ги користеле истоте мерки коиштео се променуваат во банката, кога нејзините вработени се обидуваат да го детектираат и спречат перењето пари.

По објавувањето на внатрешната истрага на „Danske Bank“ во септермври минатата 2018 година, извршната директорка на „Swedbank“, Бонесен, рекла за SVT дека нејзината банка не била вмешана во скандалот со „Danske Bank“. Во годишниот отчет за 2006 година „Swedbank“, констатирала дека филијалите на банката во балтичките земји се изложени на ризикот од перење пари.

Претставници на „Danske Bank“ во текот на истражувањето на SVT изјавиле за телевизијата дека причината за извршување на сомнителните трансакции во филијалата во Естонија биле „грешки на ниво на филијалата и концернот“. Според нив, естонската филијала соработувала со клиенти „кои не требало да ги има“.

 

Скандалот околу Danske Bank

На 1-ви јули 2018-та обвинителството на Естонија објави дека покренало кривична истрага за можно перење пари од вработени во филијалта на „ Danske Bank“ во земјата. Вкупниот износ на „испраните“ пари се проценува на најмлаку 7 милијарди евра. Во септември банката ги објави резултатите од проверката на 6.200 клиенти на филијалата во Естонија признавајќи дека повеќето од нив може да се сметаат за сомнителни. Истиот месец поради скандалот поднесе оставка челникот на банката, Томас Борген.

Вкупно десет лица беа уапсени во рамките на истрагата во Естонија.

Според основачот на британскиот фонд „Hermitage Capital“, Вилијам Браудер, кој во Русија беше осуден во отсуство на девет години затвор поради даночни малверзации, банката може да биде вклучена и во измамничка шема во Руската Федерација, чиешто постоење, наводно, претходно било објавено од адвокатот „Hermitage Capital“, Сергеј Магнитски, кој подоцна почина во притвор.

„Danske Bank“ е основана во 1871 година во Копенхаген. Таа е најголемата данска банка и влијателен играч во банкарскиот сектор во северна Европа со филијали во земјите од регионот. Бројот на нејзините коминтенти надминува 5 милиони. Во вторникот „Danske Bank“ објави дека ја прекинува работата во Русија и во блатичките земји.