Голема трагедија: Момче (25) и девојка (22) си ги одзедоа животите, причина недозволена љубов?

Двојна трагедија ја потресе Македонија. Откако синоќа дел од медиумите објавија дека кај археолошкиот локалитет Баргала животот со бесење си го одзеде 25 годишно момче, утринава нова трагедија.

Од штипската полиција за Курир.мк потврдуиле дека утринава од Итната медициска помош добиле пријава за починато женско лице, кај кое смртта е настаната со бесење. Неофицијално, станува збор за девојка на возраст од 22 години.

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова во куса изјава за Курир рекла дека двата случаи се поврзани, а случени се на територија на Општина Карбинци.

Момчето и девојката биле во љубовна врска, а неофицијално причина за ваквиот нивен чин е недозволена љубов.

Панајотова вели дека во текот на денот по завршување на увидот и прибирањето на сите информации, полицијата ќе излезе со повеќе детали.