Голема трагедија во Босна и Херцеговина – загина дете на час по физичко

Момче од основно училиште загина за време на час по физичко образование во училиште во Турбе кај Травник во централна Босна, откако пречка од гол се урна врз него во спортската сала, потврди локалната полиција.

– Во 12:10 часот полициската станица Травник извести дека во салата на основното училиште „Турбе“ се случила несреќа, во која загинал еден ученик – изјави Хасан Хоџиќ, портпарол на Министерството за внатрешни работи на СБК, пренесува Српскаинфо. Поради комбинација на несреќни околности, голот се превртел врз момчето кое се здобило со смртоносни повреди.

Според официјалните информации, тој бил ученик во седмо одделение.