Големата грутка злато од Аљаска продадена за 750.000 долари

Грутка злато тешка повеќе од девет килограми, вчера е продадена на наддавање за 750.000 долари, објави аукциската куќа „Херитиџ“ од Тексас.

Наречена „Стогодишнина златна грутка на Аљаска“ бидејќи била пронајдена околу 100-годишнината од Златната треска во Клондајк, оваа златна грутка, е најголемата ископана во историјата на најсеверната американска сојузна држава. Наодот е на Бери Клеј, кој ја пронашол во 1998 година близу градот Руби во западна Аљаска, во рудникот „Свифт Крик“. Димензиите на грутката се 17 х 14 – 5 х 11 сантиметри и тежи 9,13 килограми. Името на новиот сопственик засега не се соопштува.

Потрагата по злато на Аљаска трае повеќе од 160 години.

Првото злато таму го пронашле околните рудари на 16 август 1896 година, а кога веста стигнала до Сиетл и Сан Франциско, тоа предизвикало вистинско „стампедо“ од луѓе кои сакале да се збогатат. Некои од нив успеаја, но повеќето немаа среќа. Сепак, Златната треска е овековечена во бројни филмови, фотографии и книги.