„Големата тројка“ на Бруклин запрена од Колин Секстон и „коњаниците“

Со враќањето на кајри ирвинг по седум натпревари отсуство, екипата на Бруклин нетс првпат сезонава настапи со својата „голема тројка“ (Кевин Дурант, Кајри Ирвинг и Џејмс Харден). Тие тројца веднаш покажаа дека можат да играат заедно и сите имаа одличен натпревар. Дурант имаше 38 поени и 12 скокови, Ирвинг 37 поени, додека харден мечот го заврши со 21 поен, но и 12 асистенции.

Таквата игра на „големата тројка“, сепак, не беше доволна за Бруклин за да дојде до триумф против Кливленд кавалирс, кои славеа со 147:135, по одиграни две продолженија.

Најдобар кај Кливенд беше Колин Секстон, кој на пат кон 42 поени погоди голем број клучни кошеви, меѓу кои и тројка на 1,4 секунди до крајот на првото продолжение со што обезбеди уште едни дополнителни пет минути.

Покрај него уште шестмина кошаркари постигнаа двоцифрен број поени.