Големи пожари во Калифорнија, илјадници евакуирани

Голем пожар со голема брзина голта делови од американската сојузна држава, Калифорнија. Досега е зафатена површина од над 2.000 хектари, а само ноќеска се евакуирани повеќе од 3.000 лица.

Температурата во земјата го надминува 37-от степен Целзиусов, а силните ветрови и ниската влага во воздухот придонесуваат за брзо ширење на огнот.

Најкритично е во областите Риверсајд и Шаста, каде веќе е прогласена вонредна состојба. Уништени се голем број куќи, а во пожарот се повредени и неколку пожарникари.