Големи пожари во Австралија, власти повикаа илјадници луѓе да ги напуштат домовите

Повеќе од 70 домови се уништени во пожар во предградие на Перт на запад во Австралија, а илјадници луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови во градот со што се комплицира карантинот откако државата ја откри првата инфекција со коронавирус во последните 10 месеци.

Пожарот во Западна Австралија уништи појас од над 9.000 хектари и 71 дом, соопштија властите потсетувајќи на пожарите што уништија милиони хектари на истокот на земјата пред една година.

Ситуацијата ја влошуваат силните ветрови кои се закануваат да прошират пожари во Австралија.

Додека пожарникарите се бореа со пожарот на стрмен, недостапен терен, властите им соопштија на жителите на Булсбрук, населба со 6.600 жители во четвртиот по големина град во Австралија, да ги игнорираат наредбите и веднаш да ја напуштат областа.

Во исто време, два милиони жители на градот се во петдневен карантин до петок, откако само едно лице се покажа позитивно на вирусот. Станува збор за работник во хотелски карантин, кој бил позитивен на многу позаразната мутација на вирусот, првпат откриена во Британија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.