Големи пресврти на Ливепрул и Сити, Челзи се проби на третотo место

Фудбалерите на Ливерпул остварија победа во 11-то коло од англиското првенство со два гола во финишот забелажаа гостинска победа кај Астон Вила, а Манчестер Сити победат ја обезбеди четити минути пред кграјот на свој терен против Саутемптон.

Во последниот натпревар од саботната програма во Премиер лигата, Челзи како гостин кај фенерџијата Вотфорд славеше со 2:1. Гостите поведоа уште во 5 минута преку Тами Абрахам а водството го удвои во 55 минута Кристијан Пулисик, додека од пенал во 80 минута од пенал намали Жерар Деулофе.

Челзи сега е трет со 23 бодови, два помалку од вториот Манчестер Сити и осум зад првопласираниот Ливерпул со 31 бод. Вотофорд е закован на последното 20-то место со само пет бодови и без ниедна победа.

Ливерпул гостуваше во Бирмингем кај Астон Вила и губеше од 21 минута со голот на Махмуд Хасен. И кога се очекуваше првиот лигашки пораз на „Редси“, следеше чудесен пресврт во самата завршница. Прво во 87 минута израмни Ендрју Робертсон, а во четвртата минута од судиското продолжение Садио Мане по изведен корнер со глава во пад ја донесе победата. Со овој пораз Астон Вила останува близу опасната зона, 16-та е со 11 бодови.

Манчестер Сити на својот „Итихад“ до 70 минута беше во заостанување откако Саутемптон поведе уште во 13 минута преку Џејмс Вард-Проус. Тогаш само што влезе во игра, Серхио Агуеро израмни за 1:1, а во 86 минута Кајли Вокер погоди за победа на „Граѓаните“ кои го одржуваа приклучокот со Ливерпул. Саутемптон во минатото коло го доживеа рекордниот домашен пораз од Лестер со 0:9, а против актуелниот шампион беше близу до сензација. Саутемптон е 18-ти, место кое води во понизок ранг, со осум бодови.

Арсенал на своите „Емирејтс“ одигра 1:1 со Вулверхемптон. Пјер-Емирик Обамејанг во 21 минута ги донесе домашните во водство, а израмни Раул Хименез во 76 минута.

Арсенал петти на табелата, место кое води во Европската лига, со 17 бодови, а Вулверхемтон е 11-ти со 13 бодови.

Шефилд Јунајтед со 3:0 беше убедлив против Барнли. Стрелци беа Џон Лундстрам во 17 и 43 минута, а Џон Флек погоди во 44 минута. Шефолд сезонава се претстави како пријатно изненадување и е шести со 16 бодови, а Банрли има четири бодови помалку и е на 14 место.

Ленард Тросард погоди во 68 а Шејн Дафи во 84 минута за домашната победа на Брајтон против Норич. Брајтон со новите три бода има вкупно 15 и е осми, а новајлијата во лигата Норич е претпоследен 19-ти со седум бодови.

Вест Хем во најефикасниот меч во саботата успеаја само да го намалат високото водство на гостинскиот Њукасл и да дојдат до „поднослив пораз“ од 2:3. Гостите водеа со 3:0 со головите на Кјаран Кларк во 15, Федерико Фернандез во 22 и Јонјо Шелви во 51 минута, а за домашните погодија Фабиан Балбуена во 73 и Робер Сноудграс во 90 минута.

Вест Хем е 11-ти со 13 бодови, а Њукасл моментално ја поправи својата позиција на табелата, сега е 15-ти со 12 бодови.

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед беа поразени со 0:1 на гостувањето кај Борнмут на отворањето на колото со што ја прекинаа серијата од четири натпревари нез пораз. Стрелец на единствениот погодок беше Џошуа Кинг во 45 минута, иако „Црвените ѓаволи“ беа подобриот противник во текот на целиот меч.

Манчестер Јунајтед ја продолжува лошата низа и има само три победи сезонава, со кои е на 10-то место со 13 бодови, а Борнмут се седми со 16 бодови.