Големи штети во Грција по поројните дождови

Поројните дождови што ја зафатија Грција изминатиот период предизвикаа огромни штети во западниот дел на земјата, каде властите соопштија дека илјадници земјоделски површини се претвориле во езера.

Истовремено, жителите на овој дел на Грција бараат што побрзо да бидат обесштетени.

Поројни дождови ги зафатија градовите Агринио и Месолонги, но и многу села во тој регион. Поплавени беа приземјата на куќите, а по улиците имаше повеќе од еден метар вода. Многу реки се излеаја, а десетици луѓе беа евакуирани.

Тешка е ситуацијата и во Епир каде на многу места имаше лизгања на земјиште и поплавени згради, а пожарникари спасијаа луѓе од куќи кои биле затрупани со свлечишта и многу вода.

Властите предупредуваат и на зголеменото ниво на водите во повеќе реки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.