Големи суми за привремени вработувања во јавните претпријатија

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ Скопје објави оглас на страницата за Јавни набавки за ангажирање на Агенција за привремени вработувања, за што постои сомневања дека станува збор за згрижување на припадници на владејачките партии.

На официјалната страна на Јавни набавки е стои оглас во кој скопското ЈП „Водовод …“ бара услуги од Агенција за привремени вработувања во вредност од 1.200.000 илјади денари, односно речиси 20.000 евра или поточно 19.512 илјади евра. Ова не е првпат на ваков начин да се вработува кадар во државните и јавните институции.

Разликата меѓу редовното вработување и она што е со привремено вработување е што секој што сака да се вработи во државната администрација треба прво да се пријави на оглас за чие одобрување треба да даде министерот за финансии и да се поминат сите филтри како интервју за работа и исполнување на одредени критериуми и стандарди.

Но кај оние со привремени вработувања доволно е да се ангажира Агенција за привремени вработувања, која оди во ставката „услуги“ на која ќе ѝ се се исплати одреден надоместок за нејзината улога и толку. Други критериуми и квалификации не се потребни. Најважната работа кај овие вработувања е што овие договори од привремени со постоечкиот закон се трансформираат во договори на неопределено време, што на валдејачката партија ѝ дава можност да ја преполни државната и јавната администрација.

Владата постојано изјавува дека државната и јавната администрација мора да биде квалитетна и компетентна додека во државните институции наголемо вработува партиски кадри без никакви критериуми со пари на граѓаните.