Големиот дефект на Јаху во Европа отстранет по седум часа

38

Американскиот гигант, интернет пребарувачот Јаху (Yahoo) денеска имаше голем дефект кој траеше седум часа и претежно ги зафати корисниците во Велика Британија, северна и западна Европа, како и делови во Индија и САД.

Телеком операторите во Велика Британија, како што се БТ, Скај (Sky)  и Ток Ток (TalkTalk), кои корисат Јаху, имаа проблеми со електронската пошта на своите корисници.

Дефектот се случи утрово, а отстранет е околу 14 часот и 30 минути.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.