Големиот Дончиќ направи голем хуман гест- израдува детенце од Словенија

Покрај тоа што е неверојатен кошаркар, Лука Дончиќ покажа дека е и голем човек. Словенечкиот репрезентативец се вклучи во хуманитарната акција во својата земја за лечење на двeгодишниот Крис Зудич.

Тој донираше поголем дел од потребните два милиони евра, а понуди и потпишана спортска опрема на аукција. Ги повика сите луѓе на социјалните мрежи да му помогнат на малиот Крис, а веќе за детето се собрани четири милиони евра.

Крис боледува од спинална мускулна атрофија, болест која ја има и најверниот македонски спортски навивач, малиот Јане Велковски. Тој и неговото семејство во моментов се наоѓаат во Лос Анџелес, а Дончиќ ги покани на мечот против ЛА Лејкерс кој Далас го доби со 100-114.