Големите глобални резерви ја спуштија цената на нафтата под 60 долари

39
© AP Photo / Gregory Bull

Цените на нафтата паднаа во четвртокот на меѓународните пазари под нивото од 60 американски долари за барел, бидејќи трговците се концетрираа на високите светски резерви и разочарувачките податоци од САД.

На лондонскиот пазар цената на нафтата падна за 60 центи во однос на затворањето на претходниот трговски ден, на 59,55 долари. За идентичен износ е намалена и на американскиот пазар, каде што со барелот се тргуваше по 50,55 долари.

Одвоено, Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) претпладнето извести дека цената на барелот од референтната кошница нејзина нафта во средата изнесувала 59,20 долари, што значи дека се зголемила за 63 центи во однос на тргувањето претходниот ден.

Пазарот се фокусираше на глобалните резерви кои во последно време силно растат, имајќи предвид дека во изминатите шест месеци понудата растеше посилно од побарувачката. Во таквата атмосфера, разочара податокот од вчерашниот извештај на американската влада за пад на резервите од сирова нафта минатата седмица за само 1,2 милиони барели. Некои трговци и аналитичари очекуваа дека ќе се намалат за три милиона барели.

Цените на енергенсите паѓаат, бидејќи трговцитге и натаму се под влијание на вчерашните податоци од САД, констатира во анкетата на Reuters Стивен Бренок од компанијата PMV.

OPEC и групата независни потрошувачи, вклучително и Русија, минатата седмица постигнаа договор за намалување на производството за вкупно 1,2 милиони барели дневно за да се намали вишокот во снабдувањето. Тоа би требало да биде доволно за во вториот квартал следната година на пазарот да се јави недостиг, доколку споменатиот нафтен картел и другите големи произведувачи се придржуваат до договорот, објави Меѓународната агенција за енергија (IEA) во својот најнов месечен извештај.

Во средата од OPEC објавија, пак, дека побарувачката на нафта следната година ќе падне на 31,44 милиони барели дневно, за 100.000 барели дневно помалку отколку што прогнозираа во ноември годинава. Новата процена на побарувчката воедно е за 1,53 милиони барели дневно помала од моменталното производство на организацијата.

Комбинацијата од фактори, како договореното намалување на производството и нарушувањата во снабдувањето, веројатно во првата половина од следната година ќе резултира со израмнување на побарувачката и понудата, смета Џејсон Гамел од „Jefferies“. Но растот на производството во САД речиси незабележително повторно ќе забрза во втората половина од 2019-та, бидејќи постепено ќе се зголемуваат капацитетите на нафтоводот кој моментално се поставува во пермскиот басен. Тоа би значело дека на почетојкот од 2020 година пазарот би можел одново да се врати во состојба на презаситеност, проценува Гамел.

САД во моментов произведуваат рекордни 11,7 милиони барели нафта дневно и според се’ судејќи кон крајот на оваа 2018 година ќе ја заземат позицијата на водечкиот производител на „црното злато“ во светот, пред Саудиска Арабија и Русија.

Skin Delight