Големите проблеми со кои ЕУ ќе се соочи во 2019-та

Европската унија во 2019 година влезе со многубројни проблеми, но и со амбиции на неформалниот состанок на врвот во мај во романскиот град Сибиу да ја усогласи стратегијата за дејствување во следните пет години.

Неформалниот самит на ЕУ ќе се одржи на Денот на Европа на 9-ти мај 2019 година во Романија којашто од 1-ви јануари прват го презема претседателствувањето со Унијата, шест седмици по истапувањето на Обединетото Кралство од членството и две седмици пред многу важните избори за Европскиот парламент. Во врска со тоа, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, оцени дека станува збор за „клучниот момент за челниците на ЕУ да обезбедат нова доверба во иднината на Унијата со 27 членки“.

На самитот во Сибиу се очекува оформување на заклучоците од расправата за иднината на Европската унија, којашто започна веднаш по референдумот за британското излегување на 13-ти јуни 2016 година. Оттогаш се организираат бројни дијалози за иднината на ЕУ, а во Европскиот парламент на секоја пленарна седница некој од челниците на државите членки дискутира за оваа тема со европските пратеници.

Европската комисија очекува дека челниците на 27-те земји членки ќе се изјаснат кое од можните пет сценарија за иднината на Европската унија до 2025 година го посакуваат. Опциите се објавени во „Белата куќа за иднината на Европа“, и тие се: одржување на статус-кво ситуација, ЕУ само како единствен пазар, ЕУ со повеќе брзини, ЕУ со помалку овластувања но поефикасна, ЕУ којашто во повеќе сфери ќе работи заедно.

 

Почеток на новиот циклус во ЕУ

Во 2019 година во Европската унија започнува новиот циклус во институциите, се избираат новот состав на Европскиот парламент, новиот состав на Европската комисија, новиот претседател на Европската комисија.

Граѓаните на 27-те земји членки на ЕУ ќе излезат на изборите од 23-ти до 26-ти мај, за да ги изберат новите претеници во Европскиот парламент. Поради излегувањето на Велика Британија, ќе се избираат помал број пратеници, 751 наместо досегашните 795 пратенции. Половината од британските мандати во парламентот во сегашниот состав на Европскиот парламент се поделени во еден дел на другите земји членки. Меѓутоа, одѕивот на гласачите на европските избори е во постојано опаѓање. Така, на последните избори во 2014 година, излезноста беше рекордно ниска, само 43 отсто, а се стравува дека во мај овој анти-рекорд може да биде соборен.

Партиите од центарот на политичкиот спектар, Европската народна партија (EPP), од десниот центар, и Партијата на европските социјалисти (SEP), од левиот центар, во кои членуваат етаблираните партии во земјите членки, досега секогаш освојуваат натполовично мнозинство, но трендовите во земјите членки укажуваат дека на изборите во 2019 година бројот на освоените мандати коишто ќе ги освои еден од овие два блока може да падне под 50 отсто од мандатите во Европскиот парламент, под притисокот од новите сили кои се во распонот од крајната левица до крајната десница. Тоа значи дека на конервативиците или социјалдемократите би можело да им биде потребна уште една или две политички групации за да го остварат мнозинството во парламентот.

По парламентарните избори, на редовниот самит во јуни, челниците на земјите членки би требало да предложат нов претседател на Европската комисија и висок претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика. Иако и на овие избори партиите ќе настапат со водечки кандидати за претседател на Европската комисија, досега нема гаранции дека некој од нив ќе биде именуван за челник на ЕК.

На почетокот од декември првиот потпретседател на Европската комисија, Франс Тимерманс, член е на холандската Лабуристичка партија (PvdA), од социјалдемократска провиниенција, а од 2012 до 2014 година беше министер за надворешни работи на Холандија, беше потврден со акламација на конгресот на Партијата на европските социјалисти (PES) одржан во португалската престолнина Лисабон за главен кандидат или ткн „шпиценкаднидат“ на пратеничката група на Социјалистите и демократите (S&D) на изборите за Европскиот парламент во мај/ Досега свои кандидати за челник на Европската комисија, истакнаа конзервативците од EPP, кои ќе ги претставува Манфред Вебер, баварскиот демохристијан, Зелените кои ги кандидираат Ска Келер и Бас Ејкнут, како и Европските конзервативци и реформисти, Јан Захрадил, додека либералите се спротиставвуаа на концептот на „шпиценкандидат“, и ќе именуваат тим составен веројатно од пет кандидати.

Моделот на водечки кандидат, познат според германскиот назив „шпиценкандидат“, првпат беше употребен во 2014 година, кога Жан-Клод Јункер беше избран за претседател на Европската комисија, како кандидат на Европската народна партија (EPP), којашто тогаш доби најголем број гласови. Според овој модел, европските политички партии ги истакнуваат своите водечки кандидати за претседател на Европската комисија, по што Европскиот совет предлага кандидат кој може да овозможи парламентарни мнозинство. Меѓутоа, овој начин и натаму е спорен, бидејќи многумина не се согласуваат со толкувањето дека еден од водечките кандидати автоматски мора да биде избран. Европскиот совет, највисокото тело во ЕУ во коешто учествуваат шефовите на државите или владите, не сака да се откаже од својата надлежнсота автономно да ги предлага свој кандидат и надвор од кругот од оние кои се кандидирале како „шпиценкандидати“.

Откако ќе се конституира новиот Европски парламент, во јуни или во јули, предложениот претседател на Европската комисија би требало да започне со консултациите со земјитге членки за составот на Комисијата, во којашто секоја земја членка дава по еден еврокомесар, односно еден вид министер. Сите комесари мора да го минат процесот на сослушување пред надлежните комисии на Европскиот парламент, а потоа пратениците на пленарна седница го потврдуваат новиот состав на ЕК, којшто треба да ја преземе должноста на 1-ви ноември 2019 година.

До 1-ви декември, кога истекува последниот мандат на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, ќе треба да биде избран и новиот челник на највисокото политичко тело на Европската унија. Претседателот на Европскиот совет се избира на мандат од две и пол години со можност на само уште еден реизбор. Досега тоа беше редовен случај и првиот претседател на Советот, Херман ван Раомпуј и Доналд Туск беа избрани двапати.

 

Ниеизвесен исходот од британското истапување

Од вечерта на 29-ти март 2019 година Европската унија треба да има членка помалку, откако од членството ќе истапи Велика Британија, иако аналитичарите сметаат дека и во овој случај не може потполно да се исклучат изненадувањата. Ситуацијата со излегувањето на Обединетото Кралство се’ уште не е завршена, а се споменуваат три можни сценарија. Уреден таканречен „брегзит“ според договорот за раздружување постигнат по мачните преговори, брегзит без договор или, пак, дури и британско останување во членството во Европската унија.

Брисел и Лондон успеаја со многу напори да испреговараат договор за раздружувањето, меѓутоа неговото ратификување во британскиот парламент е крајно неизвесно. Гласањето е одложено подоцна во јануари, за да може премиерката Тереза Меј да добе во време да обезбеди мнозинство пратеници за поддршка на договорот со ЕУ. Не се исклучува ниту можност од одржување вонреден самит на Унијата во јануари за на британската влада да и’ се дадат дополнителни гаранции, но без менување на веќе договорениот договр. Меѓутоа, прашање е колку каква и да е помош од ЕУ би помогнало во разрешувањето на целосниот хаос кој владее во Лондон по споменатото прашање.

Оттаму, двете страни забрзано се подготвуваат за најлошото сценарио: брегзит без договор, што би значело дека на 29-ти март 2019 година прекуноќ ќе се прекинат сите врски меѓу Европската унија и Велика Британија, градени изминатите 45 години. Покрај тоа, колку повеќе се приближува датумот за излегување, се’ повеќе се зборува за можност од одржување втор референдум за британското членство во ЕУ, а се предвидува дека овојпат ќе победи опцијата за останување во европскиот блок. Судот на Европската унија неодамна во таа насока донесе одлука дека Велика Британија може еднострано да се повлече од одлуката да ја напушти ЕУ.

 

Предизвиците на новиот седумгодишен буџет на ЕУ

Една од најважните теми во 2019-та во Европската унија ќе биде договарањето на идниот седумгодишен буџет, за периодот од 2021 до 2027 година. Европската кимисијаа на 2-ри мај ја предложи новата повеќегодишна финансиска рамка, којашто во номинални износи е малку поголема од сегашниот буџетски период од 2014 до 2020 година, но со помали суми за кохезиската политика и земјоделието. Според сегашниот предлог, некои земји би добиле меѓу шест и десет, па и повеќе отсто, помалку средства според досегашниот повеќегодишен буџет.

Но претставниците на шеснаесет земји членки на Европската унија, Чешка, Словачка, Естонија, Унгарија, Полска, Словенија и Хрватска, додека другите осум земји како Бугарија, Грција, Кипар, Латвија, Литванија, Италија и Португалија ќе ги претставуваат високи претставници, коишто ја сочинуват групата Пријатели на кохезијата, се сретнаа кон крајот на ноември во Братислава со намера да испратат јасна политичка порака дека се противат на намалувањето на кохезиските средства во новиот повеќегодишен буџет на ЕУ, наменети за намалување на ризикот меѓу богатите и сиромашните земји во Унијата.

ЕК предоложи доглорочен период во износ од 1.135 милијарди евра, изразено во цените од 2018 година, што претставува 1,11 отсто од бруто домашниот приход (БДП) на 27-те земји членки на ЕУ. Европскиот парламент од своја страна, пак, предложи речиси 200 милијарди евра поголем буџет, од 1.324 милијарди евра, што е 1,30 отсто од БДП-то.

Европските челници во заклучоците од последниот самит изразија намера дека политичката согласност на ниво на Европскиот совет за седумгодишниот буџет ќе биде постигнат до есента 2019 година, што би значело дека ова прашање ќе биде усогласувано во текот на претседателството на Романија или на Финска. Меѓутоа, не се исклучува можноста оваа должноста да се совпадне и со хравтското претседавање со Европскиот совет во првата половина од 2020 година.

 

Ослабени челниците на највлијателните земји во ЕУ

Германската канцеларка Ангела Меркел за само неколку месеци од најмоќниот челник во ЕУ стана идната поранешна канцеларка. Нејзината политика на отвореност кон големата имиграција доведе до јакнење на десните, евроскептичните и противдоселенички партии, па на парламентарните избори во септември 2017 година, иако нејзината демохрастијанска Унија CDU/CSU остана најсилната партија, оствари историски слаб резултат. А по слабите резултати на покраинските избори во Есен и Баварија, Меркел беше принудена да потврди дека заминува од чело на партијата и дека овој канцеларски мандат, кој трае до 2021 година, ќе и’ биде последен. За партиска наследничка и можна идна германска канцеларка беше избрана нејзината политичка штитеничка Анагрет Крамп-Каребауер. Францускиот претседател Емануел Макрон, кој во пролетта 2017 година победи на изборите со поддршка на конзервативците и речиси распаднатите социјалисти, со ветувањето, меѓу другото, дека ќе ја реватилизира Европа на почетокот од својот петгодишен мандат за што имаше голема поддршка во јавноста.

Тогаш само се очекуваше да минат изборите во Германија и Макрон и Меркел да започнат со реформите на ЕУ, на којашто и’ е потребен нов елан по тесната одлука на британските гласачи за напуштањето на блокот. И додека се чекаше на Меркел, Макрон во Франција наидуваше на се’ поголеми проблеми и се’ пониска доверба меѓу сонародниците, што кулминираше со бунтот на протестното движење Жолти елеци кое нема организациона стуктура ниту видливи водачи. Поводот за жестоките протести кои минуваат во отворено насилство ширум земјата но и ги минаа и француските граници, беше одлуката за зголемувањето на данокот на дизелските горива за да се стимулира минувањето на почиста енергија. Макрон под притисокот на континуираните протести отстапи од намерата, ветувајќи низа мерки коишто би требало да ги поправат незадоволствата на Французите. Меѓутоа, исполнувањето на тие ветувања би можело да го доведе до судир со Европската комисија поради можното кршење на правилата за фискалната дисциплина во ЕУ.

Со тоа се соочи веќе новата влада на Италија, којашто ја сочинуваат крајната десна партија Лига и евроскептичното и антиестаблишмент Движење пет ѕвезди, кои во кампањата даваа тешко остварливи ветувања поради состојбата на италијанскиот јавен долг. ЕК оцени дека предложениот буџет на италијанскаа влада за 2019-та со предвиден дефицит од 2,4 отсто од БДП-то за неприфатлив, бидејќи јавниот долг, кој веќе достигна 131 отсто од БДП-то, ќе го направи уште потешко одржлив. По неколкуте седмици препукувања, двете страни договорија компромис според кој италијанската влада ја намали проекцијата на дефицитот на 2,04 отсто од БДП-то.

Меѓутоа, и тука ЕК попушти, бидејќи планираниот дефицит сепак е поголем од оној на којшто се обврза претходната италијанска влада водена од левите сили кои на парламентарните избори доживеа дебакл. Се смета дека компромисот го ослабел влијанието на Брисел врз земјите членки на ЕУ и нивното придржување на европските прописи за националните буџети, како и дека порати тоа Европската комисија ќе мора да и’ попушти и на Франција.

Ниту во 2018 година земјите членки не успеа да постигнат согласност околу миграциите и политиките на одобрување азил, што и натаму ја дели Европската унија, и покрај тоа што драстично е намалено пристигнувањето на доаѓањето. Во оваа 2019 година би требало да стане јасно дали спорните задолжителни квоти за бегалците и натаму ќе бидат на маста или, пак, ќе биде постигната согласност околу некоја алтернативна форма на солидарност меѓу земјите членки, за да може да им се помогне на земјите на надворешните граници на Европската унија кои се на ударот на имиграциите од Африка и од Блискиот и Далечниот исток.