Големо апсење во Сити Мол

Големо апсење спровела полицијата во Скопје Сити Мол дознава Press24 oд полициски извори. Според нашите информации, уапсена е цела група измамници поради измама со доделување на возни редови од Министерството за транспорт и врски. Тие си формирале паралелено Министерство и си делеле возни редови за линии за што инкасирале поголема сума на пари. За целата постапка изготвувале фалсификувани документи.

Во целиот случај осомничени се 6 лица а тројца се веќе приведени. Нашиот извор открива дка на лице од Струга успеале да му земат 10.000 евра. Функционирале на тој начин што ги лажеле сопствениците на превозни компании дека работат во Министерството за транспорт и врски. Првоосомничениот лажел дека е директор додека второосомничената дека му е секретарка. Останатите ги изготвувале фалсификуваните документи.

Крајот им го ставиле полициските службеници кои ги фатиле во кафуле во Скопје Сити Мол со обележани пари.

Од полицијата потврдуваат дека спровеле ваква акција но не откриваат многу детали. Нив ги најавуваат во текот на денот.