Големо невреме во Кавадарци, поплавени се неколку објекти

Како последица на обилниот дожд што попладнево го зафати Кавадарци, поплавени се неколку објекти во градот, потврдија за МИА од Територијалната противпожарна екипа и Јавното претпријатие ,,Комуналец”.

Оттаму нагласија дека нивни екипи се на терен и со пумпи се црпи надојдената вода.