Големо признание за „вечниот“ Луис Скола

Ветеранот Луис Скола стана спортист на Аргентина за 2019 година. 39-годишното тешко крило освои сребрен медал со репрезентацијата на Аргентина на Светското првенство во кошарка во Кина во септември. Скола беше избран за победник на анкетата како капитен, лидер и симбол на репрезентацијата на Аргентина во кошарка, која ги реши Србија и Франција на патот до финалето, каде што отстапи пред Шпанија.

Само четврти пат е доделена престижната награда „Олимпија“ на кошаркар. Марсело Миланесио (1993) и Емануел Џинобили (2003, 2004 година – споделена со фудбалерот Карлос Тевез) се единствените кошаркари што се избрани за спортист на Аргентина на годината пред, Луис Скола.

Ветеранот Скола беше олимписки шампион со Аргентина во 2004 година, а на клупско ниво играше за неколку НБА екипи – Хјустон Рокетс, Феникс Санс, Индијана Пејсерс, Торонто Рапторс и Бруклин Нетс.

Тој во моментов ги брани боите на италијанскиот клуб Олимпија Милано.