Големото финале на „Танц со ѕвездите 2“ закажано за 24 март

Продукцијата „Дрим Фактори“ и МРТ со голема чест ви го најавуваат финалето на втората сезона на најпопуларното домашно телевизиски шоу „Танц со ѕвездите“.

Професионалната танчарка Јована Василева и кајакарот Атанас Николовски со 300 гласови повеќе ги победија Илија Карадакоски и Марјана Станојковска во првата сезона на „Танц со ѕвездите“, а викендов ќе дознаеме кои две танцови двојки ќе продолжат и ќе се борат за победа во големото финале на втората сезона кое е закажано за понеделник, 24 марt.

Со почеток во 20,15 часот во сабота ќе се емитува последната елиминациона емисија во која уште една танцова двојка ќе го напушти шоуто, а двете останати ќе се борат за победа во финалето.

Како потсетување, победата во првата сезона на Атанас и Јована им донесе ваучери во вредност од 1500 евра за егзотично патување.