Голф прегази жена и дете, девојчето хоспитализирано со тешки повреди

На 01.07.2020 во 09.15 часот било пријавено дека во Радовиш на бул.„Александар Македонски“, патничко возило „фолксваген голф“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(59) од с.Лакавица, удрило во пешаците П.Б.(69) и 10-годишно девојче, двете од Радовиш, информираат од МВР.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобило девојчето, а со телесни повреди се здобила П.Б., констатирани во ЈЗУ-Радовиш, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.