Голф прегази жена во Куманово

На 11.02.2021 во 19.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул.„11 Октомври“ и ул.„Сава Ковачевиќ во Куманово, патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(44) од Куманово, удрило во пешакот С.М.(55) од Куманово, информира МВР.

Во незгодата, С.М. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.