Google Chrome ќе престане да работи на 32 милиони уреди

Интернет пребарувачот Google Chrome ќе престане да ги поддржува оперативните системи Android 4.1-4.3 Jelly Bean, пишува во саботата порталот IXBT.

Иако повеќето Android апликациите користат Android 5.0 и понови верзии, неретко може да се сретнат и апликации ја поддржуваат верзијата Android 4.1-4.3 Jelly Bean. Така, најстарата верзија на оперативниот систем, според неодамнешните најави, кој ќе го поддржува пребарувачот ќе биде Android 4.4. KitKat.

Засега не е познато кога точно ќе бидат извршени најавените промени, иако на прв поглед се чини дека станува збор за мала техничка новина. Притоа се истакнува дека застарениот систем го користат 3,2 отсто од вкупниот број уреди базирани на оперативниот систем Android.

Бидејќи, според статистиката, приближно милијарда уреди со овој оперативен систем во моментов се во употреба, се проценува дека Chrome ќе престане да функционира на околу 32 милиони уреди.

Android 4.1 Jelly Bean беше лансиран на 10-ти јули 2012 година, а првата стабилна верзија на Mobile Chrome за Android на 27-ми јуни 2012 година.