Google склучи договор со над 600 медиумски куќи за објавување содржини

Најголемиот светски интернет пребарувач Google во средата објави дека склучил договор за објавување содржини со повеќе од 600 медиуски куќи во целиот свет, најавувајќи дека за информативниот проект ќе издвои милјарда американски долари.

Издавачките куќи од десетина земји одобриле објавување на нивните содржини, а корисниците може да ги видат во Австралија, Аргентина, Вразил, Велика Британија, Германија и Италија, објави британската новинска агенција Reuters, наведувајќи дека текстот од објавата во текот на денот ќе биде објавен на корпоративниот блог на Google.

Претходно во февраури Google извести дека потпишале договор со „повеќе од“ 500 медиумски компании во светот.

Единственото барање на Google е издавачите да осигураат одредено количество содржини дневно, изјавил челник на технолошката корпорација задолжен за проектот News Showcase, Бред Бендер, додавајќи дека финансирањето би требало да им помогне на медиумските куќи да вработат новинари за уредување на содржините кои ќе бидат уфрлени во „панелите“. Панелите ќе бидат објавувани на апликациите News и Discover на Google, рекол Бендер.

Корисниците може да ги „следат“ издавачите за од нив да добијат повеќе панели. Издавачите, меѓу кои се и The Financial Times и The Canberra Times, заедно генерираат 7.000 панели дневно и имаат над 200.000 генерирани „пријател“, наведува Reuters повикувајќи се на податоци од блогот на Google.

Во американскиот технолошки гигант се надеваат дека со време ќе ги поттикнат овие „пријатели“ да се претплатат на содржината или дека ќе ги зголемат приходите со поголем преглед на содржината поддржана со огласи.

Оваа програма на Google би требало да трае до 2023 година, а компанијата за објава на содржината во News Showcase, планира да издвои милијарда долари. Тврдат дека немаат намера да заработуваат на неа.

Одвоено од Google склучиле договори и со медиумски компании во Франција, со надомест за содржината во распон од 1,3 милијарди долари за дневниот весник Le Monde до 13.741 долар за локалниот весник La Voix de la Haute Marne.

Условите од договорите во Франција и со другите земји во Google не сакаат да ги коментираат, а истакнуваат дека продолжуваат да преговараат и со други издавачи, вклучително и оние од САД.

Технолошкиот гигант се најде на удар на критиките на медиумските копании, кои му приговараат дека им ги презема приходите од рекламите. Имено, Facebook и Google заедно контролираат половина од пазарот на дигиталните огласувања, истакнува Reuters,

Од Google тврдат дека не контролираат премногу како медиумските компании ги трошат парите.

„Нашата намера е со финансирањето на издавачите да им го олеснуваме учеството во програмата, но нејзината крајна цел да бидат во служба на создавање одржлива иднина за информативна содржина“, изјави челникот на Google и додаде дека компанијата во следната фаза ќе вложи повеќе пари во објавувањето во вестите.

Признава дека Google при осмислувањето на новата програма не ги консултирал синдикатите ниту новинарските здруженија. Многу меѓу нив во САД ги критикуваат приватни инвестициски фондови поради купување на медиумските компании, за кастрењето на трошоците и за влошувањето на квалититот на медиумските содржини.

Новинарските здруженија мораа со издавачите да разговараат за тоа дека финансирањето од Google би требало да резултира со вработување на поголем број новинари, а не со „здебелување на паричниците на сопствениците“, порачаа од американскиот софтверски гигант.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.