Горјан Гилевски повеќе не е советник во кабинетот на Филипче

Министерството за здравство информира дека Горјан Гилевски повеќе не е ангажиран со работа во ресорното министерство.

„Најостро ги осудувам сите постапки на прекршување на закони во државата. Нема селективна правда, законот важи подеднакво за сите и мора да се почитува од секој граѓанин во општеството.Горјан Гилевски не е повеќе ангажиран со работа во ресорното министерство и тој не е советник во кабинетот. Очекуваме надлежните институции да постапат соодветно по случајот“, изјави министерот Филипче.

Скопјанецот кој беше во уапсен во Градскиот парк бидејќи му беше пронајдена дрога, е советник во кабинетот на министерот за здравство Венко Филипче. Како што информираа од Полицијата станува збор за Г.Г вработен во министерството за здравство.

Нему завчера му пронајдена марихуана и против него бил поднесен и соодветен поднесок.