По неколкучасовен распит во полициската станица во Кисела Вода, претседателот на македонското патриотско здружение „Ќосето“ од Велес, Горан Ангелов, ја напушти станицата.
Тој бил повикан на разговор во врска со учеството во случувањата во Собранието, а негови приврзаници од здружението дојдоа да му дадат поддршка.
Досега Ангелов не е пријавен во ниту една од групите против кои Министерството за внатрешни работи поднесе кривични пријави.