Горан Драгич една година во Чикаго Булс

Словенечкиот кошаркарски ветеран Горан Драгич ќе ја одигра и и 15-та сезона во НБА лигата, а неговиот нов клуб ќе бидат Чикаго Булс, објавија американските медиуми.

Драгич во неделата ја заврши својата репрезентативна кариера со победата над Шведска, а потоа беше објавено дека со Булс договорил едногодишен договор во износ од 2,9 милиони долари.

Чикаго за 36-годишниот Словенец ќе бидат петтиот клуб во НБА лигата. Во изминатите 14 сезони настапуваше за Феникс, Мајами, Торонто и Бруклин и дојде до просекот од 13,7 поени и 4,8 асистенции на натпревари.

Минатата сезона играше за Торонто и Бруклин на вкупно 21 натпревар со просек од 7,4 коша и 4,1 асистенции.

Булс во досегашниот дел од преодниот рок објавија продолжување на соработката со Зак Лавин кој потпиша петгодишен договор за сума од 215 милиони долари, како и двегодишен ангажман со уште еден ветеран, центарот Андре Дамонд чиј договор чини 6,6 милиони долари.