Горан Иванов нов директор на Финансиска полиција

Нов директор на Финансиската полиција на денешната седница е назначен Горан Иванов, дознава Телма.

Иванов е вработен во финансиската полиција како инспектор и е назначен за вршител на должност.

На Арафат Муареми му е истечен мандатот во февруари, но потоа уште 6 месеци ја извршуваше функцијата како в.д., а се повлече по судирот со Вилма Русковска и по претресот којшто го изврши обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција во Управата за финансиска полиција и во кабинетот на директорот Муареми.